Медведев: Расте бројот на идиоти во земјите на НАТО

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, се огласи на Телеграм и реагираше на најавите дека Лондон би можел да ги префрли своите инструктори за обука на силите на Киев на територијата на Украина, како и на идеите од Берлин за испораките на ракетите „таурус“.
„Еден новопечен кретен – британскиот министер за одбрана – реши да ги пренесе курсевите по англиски јазик за украинските војници на самата територија на Украина. Односно, своите инструктори ќе ги претворат во легални цели за нашите вооружени сили, знаејќи добро дека безмилосно ќе бидат уништени. И тоа веќе не како платеници, туку токму како британски НАТО специјалисти.
Друга будала – шефот на германскиот комитет за одбрана со неизговорливо презиме – бара ракетите таурус веднаш да им бидат доставени на Хохлобандерите за да може режимот во Киев да удри на руска територија за да го ослабне снабдувањето на нашата војска. Тие велат дека тоа е во согласност со меѓународното право. Па, во овој случај, нападите врз германските фабрики каде што се произведуваат овие проектили ќе бидат целосно во согласност со меѓународното право.
Сепак, овие идиоти активно нè туркаат кон трета светска војна“, напиша Медведев на Телеграм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арапскиот е мајчин јазик на третина од…
Според најновите податоци на Дирекцијата за образование,…
Истурила киселина врз љубовникот: 59-годишниот маж се…
Вистинска љубовна драма се случила во Неготин…
Двајца полицајци повредени во експлозија пред зграда…
Двајца полицајци се повредени по силна експлозија…
Со дрон се бара телото на маж…
На 02.01.2025 околу 16 часот во СВР…
Бербок во Дамаск: Една понуда и многу…
Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена…