Објавено на:

„Медиапул“: Францускиот предлог значи вклучување на бугарските барања во преговарачката рамка со ЕУ

t

Француското ротирачко претседателство е подготвено да ги вклучи барањата на Бугарија во преговарачката рамка за Северна Македонија и ЕУ да стане гарант за нивната имплементација и тоа да биде одобрено од другите земји-членки и покрај резервите дека билатералните прашања се пренесуваат на европско ниво, објави бугарски „Медиапул“ повеќе информации за францускиот предлог, од дипломатски извори.

Досега никој не го видел предлогот црно-бело, но Франција ќе го испрати нацртот на новата преговарачка рамка за Северна Македонија до Бугарија и другите земји-членки, стои во текстот на бугарскиот медиум.

-Тоа беше потврдено за време на последните дипломатски шатлови на комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји и претставници на француското претседателство во Софија, додека „Има таков народ“ (ИТН) ја развива својата кампања за „национално предавство“. Нацртот на новата рамка треба да го добие Министерството за надворешни работи, предводено од министерката во оставка Теодора Генчовска, појаснува „Медиапул“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

РЕЗНИКОВ: Во Украина пристигнаа ракетни фрлачи како…

Во Украина пристигна нова пратка оружје од…

Претседателката на Тајван предупредува: Заканата од Кина…

Тајванската претседателка Цај Инг-вен објави дека воената…

Ванчо Михајлов и Цар Борис може –…

Охридското здружение за афирмација на културните вредности…

Србија не ја почитува одлуката на ЕУ…

Србија е единствената земја-кандидат за членство во…

Имаме со што да се гордееме: Охриѓанката…

– Емилија Николовска со своите 17 години…