Објавено на:

Мексиканскиот Сенат изгласа закон за национализација на резервите литиум во земјата

t

Сенатот на Мексико го изгласа Законот за национализација на резервите и правото на експлоатација на литиум.

Сенатот легислативата ја усвои откако претходно законот во понеделникот беше одобрен и во Долниот дом на мексиканскиот Конгрес. Се очекува дека законот ќе го парафира и претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Според одредбите од законот, ексклузивни права на експлоатација на литиумот ќе има државна компанија. Во Мексико засега нема таков субјект, а мексиканските власти немаат искуство во ископувањето литиум.

Моментално во Мексико има само еден рудник за литиум со кој стопанисува кинеска фирма, а истиот сè уште не е оперативен.

Засега не е познато дали и тој рудник што се наоѓа во северниот дел на Мексико ќе биде преземен од мексиканските власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија има најскапи бензин и дизел во…

Граѓаните на Србија во моментов точат најскапо…

Кинеските воени вежби се подготовка за инвазија…

Министерот за надворешни работи на Тајван денеска…

(Фото) Уште една тура злато фатено на…

Српската Царина вчера во соработка со полицијата…

MНР: Ги отфрлиме сите наводи дека се…

Во врска со појавени шпекулации во јавноста…

Русија ќе гради воена база во Србија…

Русија размислува да изгради руска воена база…