Мелничарите имаат резерви со пченица за само неколку дена: Бараат помош од државата!

Мелничарите алармираат дека нивните резерви со пченица се за период од неколку дена, пренесува Плус Инфо.
Ако за неколку дена Србија не ја тргне забраната за извоз на пченица и владата не ги активира државните резерви, мелничарите ќе нема што да мелат, бидејќи резервите им се при крај. Од Министерството за земјоделство велат дека се очекува Србија да ја тргне забраната оваа недела и дека не се планира активирање на државните резерви на пченица, ако забраната потрае уште некој ден. Реагираше и опозицијата со барање да се активираат државните резерви и побараа одговор зошто се договараат дополнителни увози на пченица и од Бугарија, кога веќе имаме полни државни резерви.
Мелничарите алармираат дека нивните резерви од пченица се за период од неколку дена.
– Нашите резерви се при крај и е неизвесно што ќе се случува натаму. Имаме потпишано договори за испорака на пченица од Србија со добавувачи од таму, но поради забраната за извоз, тие не се реализираат во овој период. Има најава дека забраната ќе биде крената, но не се знае кога – вели претседателот на здружението на мелничка индустрија на Стопанската комора, Горан Малишиќ.
Според него, поради договорените количини со Србија и повисоката цена која се нуди од бугарските трговци, моментално не е можна нова набавка на пченица.
– Дел од мелниците имаат договори и со бугарски добавувачи, но традиционално поради пониската цена мелниците договараат увоз на пченица од Србија. Договорите се активни и очекуваме да се реализираат – додава тој.
Извор: Плус Инфо
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јас не заслужувам држава?! Јас заслужувам ЛИЧНО…
Честопати слушам од луѓе моја генерација и…
Не потпаѓајте на провокации! Ифтарот во Кочани…
НЕ ПОТПАЃАЈТЕ НА ПРОВОКАЦИИ! Огнометот е подметнат,…
Зеленски: Со Трамп имавме суштински и искрен…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денешниот телефонски…
Подвиг на хрватски лекари – пресадиле пет…
Лекарите од клиничката болница Меркур во Хрватска…
Апел за помош! Потребни се средства за…
Почитувани читатели, во продолжение споделуваме апел за…