Мелони омекна, сега не ја мрази ЕУ: Посилни сме ако останеме заедно

t

– Новата италијанска премиерка Џорџија Мелони денеска пристигна во Брисел, каде по првпат во странство ќе има средби со високи претставници на Европската Унија, јави ДПА.

Попладнево таа има средби со претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, претседателката на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен и претседателот на Советот, Шарл Мишел, како и еврокомесарот за економски прашања Паоло Џентилони.

Претседателката на Европскиот Парламент Роберта Мецола на Твитер објави фотографија каде се ракува со Мелони и напиша дека Италија „отсекогаш имала централна улога во ЕУ“ и апелираше за соработка. „

Повеќе од кога и да било – со руската инвазија на Украина, вртоглавото зголемување на цените на енергијата и зголемената инфлација – треба да останеме обединети“, напиша Мецола.

„Посилни сме ако останеме заедно“, додаде таа.

Мелони, екстремно десничарска политичарка, беше чест критичар на ЕУ и нејзините институции во минатото, што ја доведува до сомнеж околу посветеноста на нејзината влада да соработува со Унијата, наведува ДПА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грковска од Вашингтон: Со одолговлекување на членството…

За Македонија, како најнова членка на НАТО…

Домашниот есап на пазар не излегува ама…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски и претседателката…

Киев да не се надева многу: Нема…

Брисел нема да вети дека ќе го…

Паѓа довербата во ЕУ: 43% од Србите…

Дали сте за влез на Србија во…

Ахмети ги повика Македонците да се обединат…

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, придружуван од…