Мерилин Монро – дива во која се среќаваат митот и стварноста(втор дел)

t

Светски икони – мода, филм, музика, стил(1.1)

Мерилин Монро – дива во која се среќаваат митот и стварноста(втор дел)

Второто продолжение за ММ ќе го започнам со едно убаво потсетување: На ѕидовите во мојата студенска соба(1976 -1980) се наоѓаа постерите на четири мои идоли. На убавицата Мерлин Монро, на глумците Џејмс Дин и Ален Делон, на револуционерот Че Гевара и на карате иконата Брус Ли. Постерите ги чував се до средината на деведесетите години од минатиот век, кога негде се заметнаа во двете видеотеки што ги држев во Кочани. Сега следува едно интересно потсетување: Кога во 2012г. во една гифт-продавница најдов врамен постер(репродукција на уметничка слика) од Мерлин Монро го купив, и со сопругата се договоривме да го закачиме на еден од уидовите на станот во кој живеевме под наем во Скопје. Тоа и го направивме.

Кога од училише се врати најмалиот син Филип(11г.), ме праша која е жената чија слика е закачена на ѕидот, и јас му објаснив дека тоа е филмска икона што јас ја преферирам уште од младоста. Тој се спротивстави и рече дека на ѕидот може да има само слика од неговата мајка, моја сопруга, Билјана. Речено, сторено – сликата ја тргнавме. После 5-6 години, се враќам од еден службен пат и го гледам постерот на ММ закачен на еден од ѕидовите на собата на Филип. Го прашувам што е работата, и тој ми вели дека сега таа нему му е љубимица. Се е јасно – во секоја генерација Мерлинка има свои обожаватели, па така нејзината трајност е безвременска.

И така, поминаа 96 години од раѓањето на Мерилин Монро, 68 години од нејзината најпозната култна cцена со лелеавиот бел фустан над решетките на подземната железница во Њујорк(‘’Седум години верност’’, Били Вјдлер) и 60 години од нејзината мистериозна смрт, а таа, Мерилин Монро, остана една од најголемите(ако не и најголема) икони на планетата. Пред 68 години Мерилин Монро застана над решетките од метрото во Њујорк, влезе во филмската историја и стана прв вистински секс-симболи во светот.

Што можеме да сублимираме за Мерилин Монро?
Живот: Животот и беше исполнет со бројни противречности. Сиромаштво, тешко детство, кариера започната со еротски фотографии, експлозивен успех, вивнување во ѕвездите три разводи, и на крајот пад.

Сопрузи: првиот непознат работник од соседството, Џејмс Дорерти(девојка која бараше татковска заштита), вториот голена ѕвезда на бејзболот, Џо ди Маѓо(филмската дива и спортската ѕвезда), а третиот познат писател, Артур Милер(секс бомбата и интелектуалецот).
Љубовници: Ив Монтан, Френк Синатра, Клерк Гејбл, Џон и Роберт Кенеди.

Другите за неа: Беше последна дива, последен скандал и последна грижа на совеста на Холивуд – ‘’пазарот кој фабрикува измислици’’, како говореше Бертолд Брехт. Не беше осамена – едноставно беше сама(Џо Манкијевиќ). Таа е најмоќниот секс симбол на векот. Исто така е метафора за драматичното и изгубеното општество на САД(Ентони Борџес). Тешко дека можеме да востановиме дали таа е автентична личност или еден од најубавите предмети што Дипон го смислил(Били Вајдлер). Таа за мене е прозор во човечката душа и никогаш нема да можам да ја заборавам(Артур Милер).

Најпознати книги за ММ: Мерилин и јас: сеќавањата на еден фотограф(Лоренс Шилер); Интимни детали за Мерилин(Сузан Бернард); Мерлин во светот на модата – долготрајното влијание на Мерилин Монро(Кристофер Никенс, Џорџ Зено); Мерилин: страст и парадокс(Луис Банер); Мерилин Монро: последните години(Кит Бадман; Мерлин – инспирација од божицата на гламурот, Мишел Морган).
Самата за себе: Што имам навечер на мене кога си легнувам? – Неколку капки на Шанел 5. Мислам дека јас сум фантазија, блескав феномен во животот на други луѓе.
Смрт: Безживотно голо тело во креветот во нејзиниот апартман. Полна со средства за смирување, виски и пораз. Мистерија, никогаш докрај откриена дали самата си го одзеде животот, или беше убиена.

Тука јас додавам: Иако за неа велеа дека е најрадосната девојка на светот, позади нејзината насмевка се криеше тага. Славата не и донесе многу среќа, бидејќи секогаш тежнееше да се потврди и на приватен план. Беше депресивна личност, иако се трудеше сите да веруваат дека е многу среќна. Имаше извонреден талент да ја прикрие својата тага. Но, и најсексипилната жена на 20от век, како што ја нарече Плејбој, заробена во својата женственост и заводливоста што бликаше од неа, како во лудачка кошула, која не и дозволуваше да дише, а на крајот и ја уби.

Се на се, најголема и најмистериозна приказна во историјата на холивудската индустрија. Најсензационалната приказна во медиумите. Највпечатлива приказна за убавината. Грозна слика за манипулацијата. Тажна приказна за ранливоста на убавицата.

Констатациите, спротивни едни на други, сами се наметнуваат. Дефинитивно најтажна дива на светот. Кокетна и сензуална, но и несигурна и психички лабилна. Никогаш не успеа самата да се засака. Но, затоа им беше опсесија на мажите – харизматичната блондинка која ги мами нивните воздишки. Ги привлекуваше со нејзините раскошни облини, со мазниот глас и со заводливиот поглед. Истовремено, будеше завист кај жените, кои и беа љубоморни, но посакуваа да изгледаат како неа. Затоа се претвори во мит кој до денес не успеа да го урне ниту една друга жена. Беше преубава, занесна, особена, своја и чудна. Спој на ранливост, невиност, наивност, сензуалност – прва дама на холивидскиот гламур. Икона, суперстар, божица, па и божица на сексипилот.
Легендата и понатаму живее…

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Обединети за Македонија” за рамковната прослава: Со…

Како што велат оттаму, тие отсекогаш сметале…

(Видео) Грчки борбен авион пресретна либански цивилен…

Грчки борбен авион пресретнал либански цивилен авион!…

Политиката против правдата – кој го штити…

Арафат Муареми, директорот на Финансовата полиција, се…

Електричните автомобили ќе чинат загуба на стотици…

Секој голем производител на автомобили сега го…

Полјански за воената операција на Русија: Можеме…

Полјански за специјалната операција: Може да биде…