Меркел за проектот „Северен тек 2“: Верував во поврзаноста со втората светска нуклеарна сила

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел во интервју за РНД зборуваше за германско-рускиот проект Северен тек 2 и рече покрај сите случувања, тој е перпективен.
Иако проектот „Северен тек 2“ беше суспендиран поради руската воена операција, Меркел ја бранеше одлуката на владата што изгради таков проект.
„Не верував во промени преку трговија, туку во поврзаност преку трговија со втората по големина нуклеарна сила во светот“, рече Меркел.
„Тогашната теза беше: Ако „Северен тек 2“ успее, Путин повеќе нема да испорачува гас преку Украина и нема Украина да биде нападната. Русија ја нападна Украина, кога гасот се уште не течеше низ „Северен тек 2“. Во таа смисла, гасот не беше оружје“, рече Меркел.
„Германската економија во тоа време одлучи да транспортира гас од Русија, бидејќи беше економски поевтин од течниот гас од Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, а подоцна и од САД.“, изјави поранечната канцеларка.
Исто така, Меркел објасни дека владата е подготвена да ја поддржи изградбата на два терминали за течен гас во Германија со парите на даночните обврзници. Но, до последниот работен ден на владата овој проект не беше отпочнат бидејќи немаше увозници кои ќе резервираа капацитет на долг рок поради високата цена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Подморница на иднината: Русите ја создаваат “Арктур”…
Централното проектантско биро „Рубин“ од Санкт Петербург…
Херсон доби нов проруски шеф на регионот,…
Избраниот гувернер на регионот Херсон, Владимир Салдо,…
Дачиќ му се пожали на Лавров: Тешка…
Министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ денеска…
Толку од офанзивата, Украина се спрема за…
Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека Украина…
Сијарто: Русија не е на колена, санкциите…
Односите меѓу Европа и Русија по конфликтот…