Меркел нема повеќе да го коментира Путин и Русија

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во моментов не планира повеќе јавно да зборува за Русија.
На крајот на февруари Меркел го осуди рускиот напад врз Украина.
Од нејзиниот кабинет изјавија дека нејзината изјава се уште е валидна и дека не се планира натамошна јавна изјава.
Нејзиниот портпарол додаде дека Меркел моментално е на приватно патување во Италија.
Италијанскиот дневен весник „La Nacione“ објави фотографии од Меркел во Фиренца, каде што ги посети музеите во придружба на поранешната амбасадорка во Ватикан Анет Чаван.
Меркел преку писмена изјава го осуди рускиот напад врз Украина и ги поддржа напорите на нејзиниот наследник, канцеларот Олаф Шолц, да го запре вооружениот конфликт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Членовите на ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од Мицкоски…
Соопштение за јавноста од внатрепартиската фракција за…
Протекоа информации за тоа што им кажал…
Борбите не можат да траат со месеци,…
За половина час: Прес на Сергеј Лавров…
Следете ја фан страната на Инфомакс за…
Украина ќе добие 1,2 милијарди долари кредит…
Последниот заем го носи вкупниот износ во…
(Видео) Хаос во Бирмингем: Полските навивачи запалија…
Полицијата во Бирмингем имаше многу работа пред…