Мета и Пендаровски побараа деблокирање на процесот за членство во Европската Унија

t

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Република Албанија, Илир Мета, кој е во посета на Република Македонија.

Според соопштението од Кабинетот на претседателот, на средбата се разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што е изразено задоволство од нивниот позитивен развој преку конструктивна соработка и размена на посети на највисоко ниво.

На средбата е констатирано дека Република Македонија и Република Албанија, преку посветеноста на добрососедските односи, даваат силен придонес за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот, како и за неговата европска перспектива.

Двете држави, исто така, како сојузници во НАТО, даваат свој придонес и во одбраната на вредностите на евроатлантската заедница.

Во контекст на аспирациите за членство во Европската Унија, според соопштението, двајцата претседатели ја констатираа потребата за деблокирање на процесот и скорешен почеток на пристапните преговори на двете држави за членство во Европската Унија, што според нив, ќе има позитивен придонес за севкупниот напредок и стабилноста на регионот.

Претседателот Пендаровски упати честитки по повод изборот на Република Албанија за непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации во периодот 2022-2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Две лица уапсени во Валона за…

Две лица се приведени од полицијата како…

Се сретнаа двајца од тројцата премиери Албанци…

Косовскиот премиер Албин Курти, кој денеска е…

И Албанија старее: Повеќе од половина од…

Албанија старее откриваат последните податоци. Денес повеќе…

Вархеји: Членството на Албанија во ЕУ е…

Комесарот за добрососедска политика и проширување Оливер…

Жозеп Борел денеска во посета на Македонија

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи…