Меѓународната агенција за атомска енергија: Нивоата на радијација во Чернобил се НЕНОРМАЛНИ

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси изјави дека нивоата на радијација во поранешната нуклеарна централа во Чернобил се „ненормални“.
Гроси истакна дека неколкунеделната окупација на локацијата од страна на Русија била „многу, многу опасна“.
Токму на денешен ден во 1986 година експлодира четвртиот реактор на тогашната советска нуклеарна централа во Чернобил, предизвикувајќи ја најтешката нуклеарна мирнодопска катастрофа. Советските власти по два дена соопштија за експлозијата.
Електраната сè уште се користи за чување на нуклеарниот отпад.
На 36-годишнината од катастрофата во Чернобил, претставници на МААЕ го посетија Чернобил. Експертите, предводени од Гроси, се во електраната за да испорачаат опрема, да спроведат радиолошки проценки и да ги обноват системите за следење на безбедноста.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чернобил ограбен: Земена опрема во вредност од…
За време на окупацијата на Киевската област,…
Меѓународната агенција за атомска енергија: Нивоата на…
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска…
Украинското знаме повторно се вее над Чернобил
Украинското знаме денеска повторно беше подигнато над…
Украина објави: Руските војници во Чернобил страдаат…
Членот на Јавниот совет на Државната агенција…
Украина тврди: Путин ќе нареди теротистички напад…
Главната управа за разузнавање на Министерството за…