Објавено на:

Меѓународниот кривичен суд: Нема амнестија за злосторници, па ни за Путин!

t

Рускиот претседател Владимир Путин нема да биде поштеден од гонење за воени злосторства ако има докази дека е одговорен, изјави главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд.
Обвинителот на МКС Карим Кан, кој веќе истражува докази и тврдења за злосторства извршени во Украина, изјави дека претседателската функција нема да му помогне на Путин да остане неказнет.

– Не е одбрана да се повикуваш на наредби на претпоставен ниту, пак, позициите генерал, претседател или премиер се основи за имунитет. Нема имунитет за меѓународни злосторства, нема застарени воени злосторства или злосторства против човештвото – изјави Кан за „Евроњуз“.

Говорејќи за новиот бран руски напади со проектили врз градови во Украина, Кан ги оцени како „неприфатливи ако се утврди дека се вистинити“.

– Едно е јасно. Не можете намерно да гаѓате цивилни објекти, училишта и болници, станбени згради, освен ако не се користат за да се постигне особена воена предност. Дури и тогаш постои правило за пропорционалност. Ширењето терор не е дозволено – истакна Кан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дуда: Запрепастен сум од преговорите помеѓу Путин,…

Запрепастен сум од сите разговори со Путин,…

Одложен судскиот процес против докторите кои извадија…

Тројцата лекари од Струга, против кои Основното…

Путин му го плесна: Погрешната политика на…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…

Дали се согласувате со Трас – Путин…

Министерката за надворешни работи на Обединетото Кралство…

(Видео) Вака не се добива војна: Руските…

Новинарот Кристофер Милер на Твитер објави видео…