Мејер: Вежбата „Брз одговор 23“ е одличен показател за посветеноста на Македонија

t

Армијата на Република Македонија докажува дека е подготвена, добро позиционирана и спремна да се интегрира со мултинационалната бригада и со силите на САД и Европа, истакна Ерик Мејер, заменик-шеф на мисијата на Амбасада на САД.

По денешниот брифинг за претстојната вежба „Итен одговор 23“, која е дел од најголемата мултинационална вежба во Европа оваа година „Defender Europe 23”, Мејер истакна дека оваа вежба е одличен показател за посветеноста на Македонија во овие активности.

– Ваквите вежби помагаат во градењето на подготвеноста и унапредувањето на оперативните способности на НАТО сојузниците, рече Мејер.

Според него, силите на Македонија се интегрален дел од демонстрацијата на подготвеноста и интероперабилноста, заедно со партнерите и другите сојузници.

Вежбата „Брз одговор 23’“ ќе се изведува во осум земји во регионот, меѓу кои Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина. Црна Гора, Хрватска, Словенија и Косово.

Во делот од вежбата, што ќе се реализира во Македонија, односно на армискиот полигон „Криволак“, во периодот од 22 мај до 2 јуни, ќе учествуваат околу 1 850 припадници на четири НАТО армии – САД, Македонија, Албанија и Црна Гора, како и една земја партнер, Косово.

Дополнително, Армијата на Македонија со околу 130 припадници ќе учествува во реализацијата на оваа вежба и во Германија, Словенија, Хрватска, Косово и Албанија.

Целта на вежбата е подобрување на воените способности и интероперабилноста на сојузниците и партнерите

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…

Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…