МЗ: Нема промена во бројот на хоспитализирани од пожарот во Кочани, подобрена состојбата на две лица кои се лекуваат во Солун

Министерството за здравство информира дека од вчера нема промени во бројот на хоспитализирани пациенти. Во Скопје вкупно се лекуваат 16 пациенти и се во добра општа состојба. Од нив по шест се во стара градска и ГОБ „8 Септември“ и четири во приватните болници.
На Клиника за токсикологија во последните 24 часа се примени 4 пациенти од странство и по направените токсиколошки анализи се пуштени на домашно лекување. Сите се во добра општа состојба. За денеска нема најава за враќање други пациенти од странство.
Во текот на вчерашниот ден кај двајца пациенти од Солун има одредено подобрување и се екстубирани, од интензивна нега се преместени на оддел за пластична хирургија. Кај останатите пациенти состојбата од вчера е непроменета.
Министерството за здравство, велат оттаму, и натаму внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во комуникација со медицинските тимови во земјата и странство и остануваме посветени на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска: Висар Ганиу не може да уништи…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска објави фотографии…
Мелони предложи заедничка иницијатива за прекин на…
Италијанскиот премиер Џорџa Мелони предложи заедничка иницијатива…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…