Објавено на:

Милановиќ вети: Хрватска ќе се залага за побрзо членство на Албанија во ЕУ

t

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ му ветил на албанскиот премиер Еди Рама дека ќе продолжи да се залага за „што е можно побрзо влез на Албанија во Европската унија“, опишувајќи ја земјата како „доверлив сојузник во НАТО подолго време“, пренесува Хина.

Милановиќ денеска оствари средба со албанскиот премиер, кој е во посета на Хрватска, и ја повтори цврстата и континуирана поддршка на Хрватска до Тирана за членство во ЕУ, соопшти кабинетот на хрватскиот претседател.

Милановиќ и Рама разговарале за соработката меѓу Хрватска и Албанија и ги оцениле односите меѓу двете земји како „исклучително пријателски и добри“.

Тема на разговорот беше безбедносната и политичката состојба во Југоисточна Европа, при што беше истакнато дека зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот е од голем интерес за двете земји, се наведува во соопштението.

Рама, кој е во официјална посета на Хрватска, претходно беше примен од премиерот Андреј Пленковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Хрватска воведува итни мерки во училиштата после…

Во хрватското Министерство за наука, образование и…

Како членките на ЕУ им помагаат на…

Податоците на Евростат велат дека во 2021…

Раскинат е договорот со фирмата која го…

Раскинат е договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево,…

Ден на жалост во Хрватска, знамињата на…

Владата на Република Хрватска на седница одржана…