Објавено на:

Мила му е Украина ама помил му е профитот: Најбогатиот Украинец ќе ја тужи Русија заради финансиски загуби

t

Најбогатиот човек во Украина, Ринат Ахметов вели дека планира да ја тужи Русија поради, како што рече, загубите од 17 до 20 милијарди долари предизвикани од бомбардирањето на челичарниците што ги поседува во разурнатиот град Мариупол, пренесува Ројтерс.

Челичарницата Азовстал претрпе голема штета од руските бомбардирања и гранатирања откако распространетата фабрика стана последниот одбранбен бастион во јужниот пристанишен град. Фабриката за челик и железо Илич, во сопственост на Ахметов, исто така беше тешко оштетена за време на руското гранатирање на Мариупол.


„Ние дефинитивно ќе ја тужиме Русија и ќе бараме соодветна компензација за сите загуби и изгубени бизниси“, изјави во интервју за украинскиот портал mrpl.city, Ринат Ахметов, сопственик на најголемиот украински производител на челик Метинвест.

Запрашан колку пари изгубил Метинвест поради штетата на Азовстал и Илич, тој рече: „Трошоците поради руската агресија се од 17 до 20 милијарди долари. Конечната сума ќе биде одредена во тужбата против Русија“.

Милијардерот Ахметов и претходно ја видел уништена својата деловна империја и пред војната, со осумгодишните борби на истокот на Украина, откако проруските сепаратисти зазедоа делови од тамошната територија.

Од руската инвазија на 24 февруари, Метинвест објави дека не може да ги испорача своите договори за снабдување. Додека финансиската и индустриската СЦМ Групација на Ахметов ги сервисира своите должнички обврски, неговиот приватен производител на електрична енергија ДТЕК го реструктуира своето должничко портфолио, рече тој.

Ахметов рече дека останал во Украина од почетокот на војната со Русија, додавајќи: „Ние веруваме во нашата земја и веруваме во нашата победа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште еден трофеј: Руските воздушни сили соборија…

Руските воздушни сили соборија украински авион МиГ-29…

Полски медиум: Калининград можеше да биде наш,…

Полски "Онет": Калининград можеше да биде наш,…

Путин “удри метла”: Големи промени во командата…

Руското Министерство за одбрана соопшти дека раководството на централните…

(Видео) Тешко на Украинците: Русија објави снимки…

Руското Министерство за одбрана објави снимка од…

Да ја прогласат за народен херој: Украинска…

Војниците поставувале мини кога коза, која побегнала…