Милевски: Горд сум на овие момци

Македонија одигра рамноправен меч, но не успеа да освои барем бод и останува без шанси за место во завршницата од Европското првенство. Милевски жали за пропуштените шанси, ама е полн со комплименти за играчите.
„Честитки за двете репрезентации за она што го покажаа денеска. Мислам дека сите што беа на стадионот уживаа во овој натпреар. И Украина и Македонија покажаа дека знаат да играат одличен фудбал. За жал не победивме, но горд сум на моите момци за она што го покажаа. Поготово по така примен гол мора да се вратиш, а реакцијата на играчите беше одлична. Во второто полувреме направивме некои измени со кои успеавме да бидеме доминантни во поголемиот дел од полувремето. Имавме неколку шанси, но не успеавме да ги искористиме, а кога нема да ги искористите шансите, обично неизбежен е пораз.
Овој состав реагираше одлично против Италија. Украина и Италија играат сличен состав и формациски и според она што го поседуваат како квалитет играчки. Од тој аспект се решив да почнам со истите стартери. Е сега, текот на натпреварот беше таков каков што беше. Потоа решивме да смениме систем во вториот дел, момците реагираа одлично…пак ќе речам, не може да не бидам задоволен од она што го покажаа како тим. Што е тука е, можеме само да жалиме.. Искрено, поука од овој натпревар нема многу што фудбалски да извлечеме, за разлика од првиот. Пак ќе повторам, нема што многу да им замерам на момците. Што се однесува до Англија и Италија, два фаворити во групата, ништо, ќе играме фудбал и со нив, па ќе видиме што ќе биде. А што се однесува до тоа како и дали ќе се вратат момците, јас ќе речам, кога успеаја да се вратат од 7-0 од Манчестер и да покажат карактер, да одиграат така со Италија и со Малта, тогаш ќе успеат да се вратат и сега. Момците покажаа дека играат добар фудбал, дека немаат респект за никого.“, изјави Милевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Син на поранешен функционер повикан во полиција…
Денеска бил приведен син на поранешен екс…
Прв потврден случај на африканска чума кај…
Случај на мошне заразната болест африканска чума…
Довербата на Французите во Макрон е на…
Довербата на францускиот народ во претседателот Емануел…
Ковачев: Македонија бега од спроведување на договорите…
Во јануари се очекува ЕП да усвои…
Голема акција на грчката полиција- во Солун…
Службеници на Дирекцијата за борба против организираниот…