Милчин: Тие што ја забрануваат руската култура маршираат во стројот на Сталин и неговиот следбеник Путин

Тие што денес ја забрануваат руската култура маршираат во стројот на Сталин и неговиот следбеник Путин. Од безумие или од неписменост, сеедно , пишува професорот на Факултетот за драмски уметности и граѓански активист, Илија Милчин во краток коментар на својот Фејсбук профил под наслов, „Новото варварство“.
-Ќе ги забранат оние кои поради слободоумност биле прогонети во Сибир на каторга, во гулазите, во затворите Љубјанка и Бутирка, жртвите на НКВД и КГБ?! Од Достоевски до Булгаков и Солженицин, од Пастернак до Мандељштам, Цветаева и Бродски, од Мејерхолд до Козинцев и Параџанов, од Чехов до Ердман.
Долг е списокот на руските и советските писатели, композитори, режисери, сликари кои не потклекнале пред самодржците. Без нивните дела ќе капитулираме пред безумието и варварството на 21 век!, напиша Милчин.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарски експерт за Дејли мејл: Можен е…
Највисоките безбедносни функционери на Владимир Путин разбираат…
Германска зоолошка ќе го менува името на…
Дива свиња по име Путин, кој живее…
Ахмети со порака до Путин: Да се…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска во…
Милчин: Тие што ја забрануваат руската култура…
Тие што денес ја забрануваат руската култура…
Путин со закана: Секој што ќе воведе…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…