Министерката Тренчевска: Сите работодавачи што исплатиле плата под минималната и спротивно на Закон ќе сносат санкции

t

Ветувам дека заедно ќе ја продожиме борбата за подобри работни услови, за унапредување на работничките права и за поголеми плати, им порача денеска на синдикалците министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Таа и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи беа пред Владата кога пристигнаа учесниците на првомајскиот протест што го организираше ССМ.

Тренчевска во кусото обраќање потенцира дека трудот на работникот мора да се вреднува и дека работодавачите мора да ги почитуваат своите обврски. Најави и засилени инспекциски контроли, како и казни доколку се утврди дека работодавачите не ја исплаќаат платата законски и на работниците им даваат под 18 000.

-Сите работодавачи кои не исплаќаат плата согласно законот или под 18 000 денари, ќе сносат санкции според Законот за работни односи. Државниот инспекторат за труд врши контроли посебно во текстилните фабрики каде, сведоци сме, дека последните денови се исплаќаат плати под 18 000 денари. Ќе следуваат инспекциски контроли и секој што не исплаќа ќе биде санкциониран, рече Тренчевска.

Според неа, тоа што беше ветено, е исполнето.

-Ветивме недела ден за одмор, денес недела е наша реалност, 92 отсто од работниците одмораат, се дружат со семејствата и пријателите, а оние осум проценти кои поради природата на производниот процес работат, добиваат 50 отсто повеќе, додека оние во трговијата добиваат 100 отсто повисоки дневници. Ветивме дека ќе нема минимална плата под 18 000 денари и тоа денес е реалност, подвлече министерката.

Се подгтвува, дополни, и новиот закон за работни односи во консултации со ССМ.

-Ниту едно законско решение нема да биде донесено без консултација со нашите економски партнери, се работи и на нов закон за плати во јавниот сектор што ќе значи повисоки плати и нова методологија за раст на платите, рече министерката Тренчевска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата е од друга планета?! Народот мака…

Мерките на Владата даваат позитивни резултати за…

Дали е сериозен? Ковачевски: Таму каде што…

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека таму каде…

Димовски: Да им се помогне на работниците…

Претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија,…

Синдикатот на УКИМ бара за 4 години…

Синдикатот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“…