Министерката Тренчевска уште еднаш се пофали: Новото усогласување ќе значи 1000 денари повисоки пензии

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска беше во посета на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, на која разговарале за последните измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување кои стапија во сила во март 2022 година и со кои се воведе нов начин на усогласување на пензијата.
– Согласно новата методологија за усогласување на пензиите која што ќе се употребува со исплатата на септемвриската пензија, пензиите ќе се усогласуваат со комбиниран модел од 50 проценти пораст на просечната плата и 50 проценти пораст трошоци на живот. Согласно првичните анализи со кои располагаме, а се добиени од Министерството за финансии, усогласувањето согласно измените на законот ќе придонесе кон раст на пензиите за најмалку шест проценти, рече Тренчевска.
Таа посочи дека сегашната просечна пензија што изнесува 16.300 денари, со оваа усогласување ќе се зголемеи за околу 1000 денари.
– Овој износ, секако дека не е дефинитивен, може да биде поголем во зависност од официјалните податоци кои што ќе ги добиеме од Државниот завод за статистика согласно кои ќе се изврши и усогласувањето на пензиите, додаде министерката.
Таа посочи дека покрај новата методологија за усогласување на пензиите, обезбедиле и финансиска поддршка на пензионерите од 1000 денари за три месеци со цел да се ублажат последиците од економската, ценовната и од ковид кризата. Тренчевска потенцира дека 330 илјади пензионери веќе ја добиле првата финансиска поддршка за месец март, а со следните две пензии ќе ги добијат и останатите износи.
– Во време на пандемијата овозможивме не само редовна, туку и предвремена исплата на пензиите по групи со цел заштита од ширење на заразата од Ковид-19 и таа пракса ќе продолжи и понатаму. За Владата на Република Северна Македонија и за нас како Министерство, грижата за сите граѓани е приоритет. Како социјална држава во фокусот ни се ранливите категории на граѓани и напредување на нивниот статус и права. Нашите пензионери имаат право на достоинствена старост, пристоен и мирен живот во своите зрели години, затоа што речиси целиот свој живот придонесување за нашата држава, а на нас останува да возвратиме за целиот нивен влог, рече Тренчевска.
Станка Трајкова од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија извдои две релевантни прашања кои се важни за пензионерите – социјалното домување на пензионерите и геријатриските потреби за сместување на пензионерите.
– Се работи за прашање кое што е од витален карактер, бидејќи социјалното домување е познато дека ги опфаќа пензионерските домови старските домови, социјалните сервиси, приватните пензиски домови домовите со кои што располага фондот и здруженијата на пензионери. Тука се и геријатриските потреби за сместување на пензионерите. Факт е дека во нашата држава има дефицит од изградба на државни старски домови каде што сепак цените се повеќе компатибилни со износите на пензиите во земјава, рече Трајкова.
Од Сојузот на средбата предлагале да може да се субвенционира цената во приватните пензиски домови кои што се високи.
– И таа субвенција, наш предлог е од државната цена до цената во приватниот пензиски дом. Има потреба од геријатриско сместување на пензионерите. Кога веќе не можат да бидат сместени, да опстојуваат во редовен старски дом или во некоја пензионерска соба, наш предлог е овие амбуланти кои не се искористени во општините да се пренаменат за некои геријатриски одделенија кои во моментот претставуваат значајна потреба, рече Трајкова.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тренчевска убедува: И црквата ќе биде вклучена…
Министерката за труд и социјална политика Јованка…
(Видео) Спасовски: Децата се наша иднина, да…
Децата се наша иднина, а наша обврска…
Почна исплатата на покачените септемвриски пензии
Министерството за труд и социјална политика известува…
МТСП: 330 илјади пензионери ќе добијат покачена…
Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери…
ССМ денеска протестира пред МТСП
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска…