Министерката што МНР ѝ го утна знамето: Македонија во ЕУ до 2030 година е реална цел

t

Искрено верувам дека со тоа што Македонија ги започна пристапните преговори за членство во ЕУ, е на пат за цврсти реформи, макотрпна работа, што ќе ја внесат државата во ЕУ во 2030 година, нагласи министерката за надворешни работи на Словенија Тања Фајон, вечерва во тема на денот на Сител телевизија.

Самиот факт што Македонија ги започна пристапните договори, потенцира таа, е историски чекор.

Фајон наведе дека раговарала со многу претставници од политиката, граѓанското општество, со стопанственици и се што можам да кажам, истакна, е најнапред искрени честитки до Македонија за храброста, зашто не беше едноставно да се прифати францускиот предлог за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ, но државата го направи единственото правилно.

– Јас ќе гарантирам, исто така и Словенија, дека билатералните прашања нема да бидат дел од пристапните преговори. Посакувам во Македонија и опозицијата и власта и општеството да осознаат дека патот во ЕУ е единствен пат што ќе гарантира солидарност, цврсти вредности и благосостојба на луѓето, рече Фајон.

Нагласи дека може да гарантира цврста поддршка од Словенија, со нејзините искуства и како пријателска држава дека ќе помогне да нема билатерални прашања, да не дојде до губење на идентитетот, јазикот.

– Македонија оваа седмица го потпишува Договорот со Фронтекс каде многу јасно ќе стои македонски јазик. Значи стравот дека земјата го губи идентитетот е неоснован, истакна Фајон.

Сега започнува периодот на скрининг, рече таа и порача дека е потребно државата, доколку е можно да се придржува кон временската рамка.

– Знам дека е потребна промена на Уставот и за тоа е потребна политичка согласност. Искрено се надевам дека и опозицијата и коалицијата ќе соберат храброст, бидејќи не се работи за една или друга политика, се работи за иднината на државата, рече шефицата на словенечката дипломатија.

Во однос на односите со Софија, Фајон посочи дека Бугарија секогаш ќе биде сосед на Македонија и затоа е важно политиката која е одговорна да бара решенија што не ги загрозуваат односите помеѓу луѓето.

– Во општеството двете страни би требало нужно да постигнат взаемна согласност по однос на сите точки, сите прашања. Провокации, отворање на бугарски клубови, вакви или онакви провокации, што водат кон раздор на народот се неприфатливи. Словенија има свои соседи со кои живееме заедно и со кои имаме билатерални нерешени прашања, но ние сакаме да најдеме решенија бидејќи од тоа имаат корист луѓето, порача словенечката министерка за надворешни работи.

Според неа, потези на менување или поинакво интерпретирање на историјата или потези кои менуваат дел од општеството се неприфатливи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добро утро со Инфомакс: По патот на…

Во чест на големиот македонски револуционер, апостол…

Ванковска: Кога ќе се свестиме дека овде…

Повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Македонија е,…

Срѓан Керим: Македонија од ЕУ заслужува поинаков…

Ситуацијата со Бугарија треба да се реши…

Дачиќ: Членството во ЕУ останува стратешка цел…

Членството во Европската Унија останува стратешка цел…

ЕУ да даде приоритет на интеграцијата на…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави денеска дека…