Министерот Спасовски на работна средба со британската амбасадорка

t

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј на која и истекува работниот мандат.

На средбата министерот Спасовски и се заблагодари на амбасадорката Галовеј за нејзината поддршка и соработката на Амбасадата на Обединетото Кралство во Република С. Македонија  со Министерството за внатрешни работи  и изрази уверување дека истата ќе продолжи да се развива во континуитет и со новоименуваниот амбасадор.

Во оваа прилика министерот Спасовски и подари плакета и Монографија од МВР на амбасадорката Галовеј во знак на благодарност за успешната соработка и модернизирање на капацитетите на МВР на Република С. Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчкиот премиер збесна откако Велика Британија ненадејно…

Атина изрази „навреденост“ од премиерот Риши Сунак…

Дерман да се немало! Откриен прв човечки…

Вирусот е сличен на патогенот кој досега…

Спасовски: Отворивме сериозна битка со криминалните структури

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели…

Велика Британија бара алтернатива за Visa и…

Британската влада го повика банкарскиот сектор да…

Британците предупредија на уште една тешка зима

Сметките за енергија се очекува нагло да…