Објавено на:

Миовски: За да победите во Европа, треба да ги користите шансите!

t

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски со гол во финишот од натпреварот го спаси Абердин од пораз против Хелсинки во меч од Конференциската лига.

Абердин беше фаворит во овој меч и целеше на победа, но освои само бод. Миовски вели дека во Европа мора да се користат шансите за да се победи, а неговиот тим вчера промаши многу.

„Создадовме многу шанси, особено во второто полувреме, можевме да постигнеме уште два-три гола. Кога израмнивме, тоа беше одличен момент да тргнеме и по победата. Имавме голема шанса еден на еден. Во Европа морате да ги користите шансите“, вели Миовски.

„Морам да кажам дека и противникот беше одличен, но ние сме разочарани затоа што не го добивме натпреварот“.

„Среќен сум што го постигнав мојот прв европски гол. Како фудбалер работите за ваквите моменти. Ја очекував топката бидејќи ветерот беше на наша страна. Постигнав гол и среќен сум поради тоа“.

„Во првото полувреме имаше многу прекини, па не можевме да го користиме нашиот пресинг и високо темпо кое тие не би можеле да го следат. Бевме многу подобри во вториот дел, тренерот ни рече дека доколку продолжиме да притискаме, шансите ќе дојдат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем пожар во Маџир Маало

Вечерва се запали стара и напуштена куќа…

Американско министерство за финансии: Кина изврши хакерски…

Американското Министерство за финансии објави дека кинески…

Силен земјотрес воТурција!

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според…

Ристовски: До крајот на идното лето пет…

Скопје до крајот на идното лето ќе…

Зеленски: Новата помош од Америка доаѓа во…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека…