Миовски со посебни копачки против Велс, посветени на трагедијата во Кочани

t

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски на натпреварот со Велс во квалификациите за Мундијалот ќе одигра во посебни копачки. Истите се направени од „Swifthadot Studios“, светски познатиот бренд кој го изработува човекот со потекло од Македонија, Сатја Грабулоски.

Копачките ќе бидат посветени на настраданите од трагедијата во Кочани. Миовски ќе игра во копачки како основа имаат македонско знаме, има црн симбол во чест на загинатите во пожарот и бел ореол со симбол на ангелите околу него.

„Секој човек има своја приказна и секој човек има свое животно патување. Навраќајќи се во моето детство додека ги држев моите први копачки, се сетив дека кажав нешто што длабоко посакував: „Еден ден со цело срце ќе играм за мојата земја“ и еве ме, по многу години, играм за Македонија, мојата земја, бисерот на Балканот.

Овие специјализирани копачки имаат исклучително значење, со свето нешто – моето национално знаме и иницијалите на моето семејство.. На денешниот натпревар за македонската репрезентација, ќе ги носам во чест и сеќавање за сите што ги загубивме на 16.03.2025 година, за сите кои се уште се борат за своите животи и за сите семејства. Нека почиваат во вечен мир упокоените души, сите мои молитви за повредените“, напиша Миовски. 

На копачките се испишани и буквите „БСМ“ со латинично писмо, а тоа е за семејството на Миовски – Бојан, Сара и Матео.

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…