Мистериозна смрт на младиот Енвер- неговиот живот ненадејно згасна на само 35 години

t

Енвер Пајазетовиќ почина на 35-годишна возраст во петокот на 2 декември годинава, а веста за неговата смрт ги шокираше граѓаните на Велика Кладуша во Босна и Херцеговина.

На социјалните мрежи почнаа разни шпекулации за тоа кога, како и зошто овој човек починал, а многумина вината ја префрлаат на лекарите од Здравствениот дом Велика Кладуша.

Како што изјави за порталот „Аваз“ неговата сестра Весна Пајазетовиќ-Бегиќ, во моментов ја чекаат конечната одлука на обвинителот.

– Секако дека сум заинтересирана да дадам изјава во врска со случајот со брат ми и за тоа секако ќе бидете информирани. Единствено што можам да кажам е дека имаме соодветни докази за несовесното постапување на докторката Амра Зулиќ. Ќе поднесеме тужба и против Дом за здравје Велика Кладуша. Во вчерашниот разговор со раководното лице на овој здравствен дом, не добивме информација за нејзино суспендирање, напротив, институцијата не сака да се огради од неа како несовесна лекарка, туку сакаат да го чекаат судењето и дури потоа да разгледаат евентуална суспензија.

Сметаме дека воопшто не треба да работи, а не пак до судењето, кое може да потрае долго – рече Пајазетовиќ-Бегиќ. Таа додаде дека не е единствената која има замерки до докторката.

Потсетуваме, во медиумите се појави информација дека во текот на ноќта кога Пајазетовиќ бил во агонија, двапати била повикана Итна помош. Дури по вториот повик, возачот наводно дошол без медицински техничари. Пајазетовиќ според информациите на босанските медиуми, починал откако му пукнало дванаесетпалачно црево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски ќе настапи во…

Како што известуваат од неговиот тим, в…

(Видео) СТРАШНА БУРА ВО БУДВА: Ветер од…

Силен ветер и бура се забележани во…

Дуда: Ќе кренам железна завеса до небо…

Во своето обраќање до медиумите, Дуда истакна…

Грковска од Вашингтон: Со одолговлекување на членството…

За Македонија, како најнова членка на НАТО…