Мистеријата за телефонот на Матеј продолжува: Производителот тврди дека е невозможно уредот да емитува сигнал два часа под вода

t

Исчезнувањето на Матеј Периш, кому ноќта меѓу 30 и 31 јануари му се изгуби секоја трага, се уште е мистерија, а во потрагата е вклучена и полиција на повеќе земји. Според добро упатени извори, една од работите што ја отежнува полициската потрага е тоа што телефонот на исчезнатиот сплиќанец се уште не е пронајден.

Полицијата од технички причини не може да пристапи до комуникациите што ги имал Матеј Периш ноќта на неговото исчезнување. Ова пред се се однесува на комуникациите што можел да ги има преку различни апликации за разговор и допишување ноќта на неговото исчезнување.


Доколку се најде телефонот, би било многу полесно да се повратат тие податоци директно од него. Телефонот на Периш предизвика збунетост во случајот со истрагата за исчезнувањето, бидејќи прашање е како е можно апаратот да емитувал сигнал два и пол часа откако Матеј последен пат бил виден, ако се претпостави дека бил во вода. Производителот на уредот истакна дека тоа е невозможно.

Се верува дека тој би можел да биде клучен во разрешувањето на мистеријата за исчезнувањето на Матеј Периш.

И таткото на Матеј, Ненад Периш, изјави дека се уште го мачи прашањето што се случило со телефонот. Тој вели дека Матеј имал нов мобилен телефон кој има способност да биде во вода до половина час.

Ова е збунувачки, дали е можно мобилниот по два и пол часа да сигнализира? Дали е можно да се појави на површината? Мене ми е многу чудно. Врз основа на овие претпоставки не можам ништо да заклучам, дека ова е потрага по човекот, мислам дека врз основа на таквите сознанија не можеме да заклучиме ништо. Можеме да заклучиме дека тоа е навистина дилема што може да се реши на друг начин, тоа е недоволна информација – изјави Периш, пишува Ало.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие…

Светиот апостол и евангелист Јован Споменот на…

Лукаревска: Не е патриотски да се бараат…

Треба да има лидерска средба, но на…

Унгарија предлага ембарго на поморските пратки руска…

Унгарскиот министер за надворешни работи рече дека…

Борел: Храната ќе станува се поскапа

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, уште…