Митева: Во СДСМ не само што феноменот политичка одговорност не постои, туку и моралната одговорност стана чин на прифаќање и неприфаќање

t

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева зборувајќи околу кадрите кои ги нуди СДСМ и начинот на кој се избираат истите, рече дека кога кандидатите за локалните избори ги презентираа како „најдоброто“ веројатно мислеле дека се најдобри наследници на претходните функционери на СДСМ.

Своите кандидати ги презентираа како „најдоброто“, веројатно мислеа дека се најдобрите наследници на претходните функционери на СДСМ, а во кампањата помеѓу двата круга за локалните избори зборуваа за прогрес кој повторно заврши во кругот на семејството и на онаа олигархија која што тие сакаат да ја надградуваат – рече Митева.


Што се однесува на феноменот политичка одговорност, Митева рече дека тоа во редовите на СДСМ не само што не постои, туку и моралната одговорност стана чин на прифаќање и неприфаќање и чин за кој треба да се разговара.

Феноменот политичка одговорност практично и да не постои во редовите на СДСМ, но уште по поразително е што и моралната одговорност стана чин на прифаќање или неприфаќање, стана чин за кој треба да се разговара и стана чин којшто буквално никој од СДСМ не ни помислува да го употреби. Се сеќавате на онаа траорна несреќа во тетовската болница каде за три минути 14 луѓе ги загубија своите животи за на крајот од своето владеење Венко Филипче да даде изјава дека жали што не го изградил клиничкиот центар кој што благодарение на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на жестоката борба во Собранието успеавме да спречиме уште еден огромен криминал кој што беше на повидок наместо да жали за животите којшто ги загубија граѓаните во тетовската болница – потенцираше Митева.

Таа додаде дека од трите кризи во кои во моментот се наоѓа Македонија најтраорно и најболно е она што се случуваше во здравството кога во најтешките моменти за граѓаните власта се обидуваше да земе провизии за вакцините.

Ако зборуваме дека во моментот во Македонија имаме три кризи, здравствената која што трае две години и за која што немаме никаков напредок, напротив, можам да кажам дека секојдневно одиме чекор и чекор наназад, тука е и економската криза, но тука е и енергетската криза. Јас би рекла дека економската и енергетската криза можеби ќе ги подобриме или ќе се обидеме да ги закрепнеме само доколку имаме добри, здрави луѓе коишто ќе можат да работат на тоа. За мене најтраорно и најболно е она што се случуваше во здравството особено ако се присетиме дека во едни вакви моменти власта се обидуваше на цена на животите на граѓаните да земе провизии за вакцините додека колони на граѓани одеа во соседна Србија да се вакцинираат – додаде Митева.

Таа истакна дека и покрај заминувањето на Заев, заевизмот во СДСМ и понатаму ќе продолжи, како што рече таа, неговиот пиун, а од друга страна ВМРО-ДПМНЕ минатата недела имаше сосема различен концепт на дискусија каде што го понуди новиот договор и заедничкиот патриотизам.

Додека денеска ги анализираме состојбите во СДСМ и тоа што тие го оставија и го направија на Македонија, ние претходната недела имавме сосема различен концепт на дискусија каде што го понудивме новиот договор и заедничкиот патриотизам што е комплетна спротивност на сѐ ова што досега го има во СДСМ и кој што веруваме дека ќе продолжи со пиунот на Заев од кој ќе се задржи заевизмот без разлика дали станува збор за исти луѓе, за иста политика, матрицата е она која што ќе се задржи – заклучи Митева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маричиќ: Должност ни е да дадеме шанса…

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во вечерашното…

Османи: Особено ги ценам француските напори за…

Остварена средба со висока делегација од француското…

Македонија се соочува со негативни демографски трендови

Актуелните демографски трендови во РС Македонија не…

Османи: Претставена е успешната приказна на Македонија…

Руската агресија, исфрлањето на Русија од Организацијата…

Политиката и економската ситуација ги бркаат младите…

Политичката криза и лошата економска состојба се…