Митева и Пецаков учесници на програма која промовира одржлива професионална врска и пријателство помеѓу Република Македонија и САД
Продуктивна средба со Douglas Heye, служел на водечки комуникациски позиции во Претставничкиот дом и Сенатот на Соединетите Американски Држави, како и директор за комуникации на Републиканскиот Национален Комитет, стои во Фејсбук статусот на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Таа напиша дека заедно со Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид како претставници на ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО се учесници на програмата за размена на политички лидери подржана од Амбасадата на САД во Македонија и имплементирана од Американскиот Совет на млади политички лидери (American Council of Young Political Leaders).
– Оваа програма се фокусира на теми што се однесуваат на демократско владеење, креирање политики, изборни и судски системи и активно граѓанство. Програмата промовира одржлива професионална врска и пријателство помеѓу Република Македонија и САД, додава Митева во својата објава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…