Објавено на:

Митовски: Две можни сценарија има Ковачевски да си замине од власт – Двете сценарија ги гледавме 2014/2016

t

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во гостување во емисијата “Што не е јасно” објасни дека има две сценарија за симнување на Ковачевски од власт, а македонскиот народ ги гледаше двете сценарија во 2014/2016 година.

ЌДва начини има да тргнеш човек од власт, двете сценарија ги гледавме во 2016 година. Првото беше со мирно “одете си додека не сте изеле ќотек”, што би рекле вака улично и втората беше јадењето ќотек.

Не постои самосвест во СДСМ дека треба да има предвремени парламентарни избори и тука опозицијата треба да ги натера да си одат. Треба да се направи и политичка криза, без политичка криза никој не си оди од власт. Звучи грубо бидејќи инфлацијата е 10%, правевме пресметки во редакција дека за 7 години отсега доколку продолжи вака минималната плата треба да биде 36.000 денари за да остане истата уповна моќ.

СДСМ не знаат да работат особено не економија, тие нема да се самораспуштат. Мој предлог е бојкот на собранието со излегување од него во комбинација со активни протести, со улица – истакна Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Денеска го одбележуваме Денот на Охридското…

Денеска го одбележуваме Денот на Охридското Езеро…

Ковачевски: Финансискиот систем успешно се справи со…

Претседателот на Владата на Република С. Македонија…

Мицкоски до Ковачевски: Достоинството или го имаш,…

Достоинство или го имаш или воопшто го…

Каракамишева: Ако ова не е страшно за…

Целата јавност со горчина ја критикува реакцијата…

Ковачевски: Невработеноста е на историски најниско ниво

„Стапката на невработеност се очекува дополнително да…