Митовски: Неопходна е промена на оваа Влада, ако остане оваа власт за пола година ќе немаме леб да јадеме

t

Предвремени парламентарни избори и смена на оваа власт се апсолутно неопходни, истакна Александар Митовски во гостување во емисијата “Што не е јасно”.

– Предвремени парламентарни избори или промена на оваа власт е апсолутно неопходна. Само економските параметри да ги земеме во предвид оваа власт треба да си замине, ако останеме на овие економски политики ние за половина година ќе немаме леб да јадеме.

Ако се тргнат настрана економските политики, на надвореен план изгубивме интегритет, изгубивме ексклузивитет над војводите, сменивме име, секаде одиме и молиме наместо да настапиме со услов, ние сме зависни од ЕУ, од актерите на ЕУ.

Сите овие кога ќе се соберат на куп, да не зборуваме за правосудство, корупција, Македонија мора да направи промена. Како ќе се случи ова апромена, дали радикално или мирно сега за сега е на опозицијата да одлучи ама мислам дека наскоро и граѓаните сами ќе го искажат својот револт кога ќе почнат да се чувствуваат посилно последиците од кризата. – објасни Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Митовски го „избрка“ Таче од сопствената…

Првите потврдени сознанија дека Русија подготвува инвазија…

(Видео) Аналогијата е случајна: Во помијата за…

Вистинска драма попладнево се случи на заедничката…

Митовски: Шекеринска не верува во актуелното раководство…

Радмила Шекеринска е единствената која излезе неизвалкана…

И Европјаните кренаа раце од нас: Со…

Со својата реторика Владата и власта и…

Ковачевски се плаши од средба со Мицкоски:…

На новиот претседател на СДСМ и мандатар,…