Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф испрати честитка по повод Велигден до врениците од неговата епархија – Еве што порача

Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф денеска испрати празнична честитка до верниците од епахијата. Тој на верниците им посака Христовото Воскресние да донесе радост во срцата како и да биде благословен секој дом.
–Возљубени чеда на тетовско-гостиварската епархија при Македонската православна црква, нема поголема вест за човекот и светот за најрадосната вест за победа на животот над смртта. Со тој неповторлив настан, Бог ни објави дека сето го создава и кој е во Христа тој е новосознание. Со Воскресението добија смисла и небото и земјата. И човекот и светот и времето и вечноста. Нека светлината на Христовото Воскресние Ви ги осветли Вашите срца, а неговата бесконечна љубов го благослови Вашиот живот и Вашиот дом. Христос Воскресна, Навистина Воскресна, стои во честитката.
По повод Велика Сабота митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф во Лешочкиот манастир богослужеше света Василиева литургија во сослужение со повеќе свештенослужители.
Вечерва во 23 часот и 30 минути владиката во соборниот тетовски храм Свети Кирил и Методиј ќе го започне трикратниот опход околу црквата со пеење на Воскресение Твое Христе Спасе и со биење на камбаните. На полноќ ќе го објави Христовото Воскресение по што ќе следува Златоустова литургија.
Извор: Сител тв
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велигденските пости имаат повеќе празници: Еве што…
Започнаа велигденските пости. За време на велигденските…
Четвртокот по Велигден е најсреќен ден: Денеска…
Светата или Велигденска недела се смета за…
Дневен хороскоп за понеделник (25.04.2022)
Овен Работа: Овој период ќе го означи…
Денеска е Воскресение Христово – Втор ден…
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска…
Првпат ја отвори вратата на вилата на…
Цеца Ражнатовиќ првпат ги отвори вратите од…