Мицкоски: Во Македонија има два паралелни света, едниот е реалниот во кој што граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а другиот е на послушниците на заевизмот

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски денеска ја посети општината Свети Николе по повод големиот празник Тодорова сабота, при што медиумите го запрашаа за став околу новото видео обраќање на Димитар Ковачевски.

„Тоа се два паралелни света, едниот каде што огромно мнозинство македонски граѓани живеат, а тоа е оној свет каде што луѓето едвај крај со крај врзуваат од први до први. И оној каде што малкумина послушници на заевизмот во кој што прв е сега Ковачевски живеат и кој што нормално печалат на грбот на граѓаните“, истакна Мицкоски.


Мицкоски додаде дека едниот свет е реалниот свет, а другиот свет е на послушниците на заевизмот.

„Едниот свет е реалниот, а другиот свет е оној паралелниот во кој што овие граѓани живеат во заевизмот, а ги предводи во моментов раководителот на тој проект на заевизмот, а тоа е граѓанинот Ковачевски“, појасни Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО) Морничаво: Ова е момчето кое направи…

18-годишен маж отвори оган во основно училиште…

Алијанса за Албанците: ДУИ ги направи албанските…

Синоќешниот инцидент во Чаир во којшто учествуваа…

Македонците од Албанија го одбележаа 24 Мај…

Етничките Македонци од Пустец и Албанија денеска…

Руска веб-страница: Елитата е разочарана од Путин…

Медуза, независната руска веб-страница за вести, објави…

Силен земјотрес ја стресе Грција вечерва

Силен земјотрес ја стресе Грција вечерва. Според…