Мицкоски: Државата се движи во погрешен правец, граѓаните незадоволни од власта, бараат да одиме на предвремени избори

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој гостува во вечерашната емисија „360 степени“ нагласи дека граѓаните кои дале поддршка на неговата партија на последните локални избори, бараат да се организираат и предвремени избори. Сепак, тој вели дека е свесен оти предвремените избори нема да можат да се случат сега и веднаш, кога владата доби мнозинска потврда во парламентот.

Кога велиме предвремени избори сега и веднаш јас сум апсолутно свесен дека тоа сега и веднаш не значи дека денеска или утре ќе имаме предвремени избори, парламентарни избори. Но мораме да почнеме да размислуваме за тоа, затоа што состојбата во државава не е добра. Кога велам не е добра тука пред се мислам на граѓаните кои што во огромно мнозинство на сите мерења на јавното мислење би рекол 2/3 мнозинство велат дека државата се движи во погрешен правец, а се движи во погрешен правец затоа што владата не ја бива и вели владата мора да си замине…многумина ни велат ви дадовме поддршка, ајде што чекате турнете ги овие, да одиме на избори и да направиме влада, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Божиновски: На изборите во Бугарија води СДСМ!

Денеска во Бугарија се одржаа предвремени парламентарни…

Демант од “Пиксел Груп”: Под секое ниво…

Компанијата "Пиксел Груп" ги демантира обвинувањата од…

АИРЛИЈА! СЕ ОТВАРА МАКЕДОНСКИ КЛУБ ВО БУГАРИЈА:…

Македонското меѓународно движење за човекови права со…

Бугари “има снемано”: До пладне во Македонија…

До пладне гласале само 15 "македонски Бугари"…

Слаба излезеност на изборите во Бугарија: До…

Излезноста на гласачите на предвремените парламентарни избори…