Мицкоски: Институциите да го истражат и покренат постапка за случајот со автомобилот на Рашковски, само така ќе докажат дека се надвор од политичко влијание

t

Бесрамното однесување и лажење на Рашковски е скандал и институциите да покажат дека веднаш да го истражат случајот за да докажат дека се надвор од политичко влијание, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Општина Бутел, одговарајќи на новинарско прашање во врска со случајот на екс генералнит секретар на владата Драги Рашковски кој за возило од 50.000 евра, пријавил награда од само 5.000 евра.

Мицкоски ги посочи дека доколку институциите не реагираат веднаш, само ќе докажат зошто се нефункционални и зошто Македониј е оценета како хибриден режим и е 111 место по корупција.

– Ги повикувам институциите тоа да го истражат и веднаш да покренат постапка затоа што само така ќе докажат дека се непристрасни и дека надвор од политичко влијание. Во спротивно ќе покажат дека уште еднашка зошто сме хибриден режим и 111 на скалата на Транспарентност Интернационал без функционално судство и без функционално обвинителство и за жал ќе продолжиме да ги разочаруваме граѓаните од чии што пари се полни буџетот, а тој буџет ги плаќа овие политичари како Рашковски, рече Мицкоски.

Мицкоски исто така потсети дека Зоран Заев велеше дека нема почесен човек од Рашковски, и дека цврсто стои на таа позиција дека Рашковски не се огрешил пред законот, но сега гледаме нешто друго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Член на комисијата потврди: Бугарските историчари инсистираат…

Не работиме на утврдување на статусот на…

(Во живо) Отварање на бугарскиот културно-информативен центар…

Следете го во живо отварањето на новиот…

Добро утро со Инфомакс: Денешните историски докажувања…

Ѓорче Петров е македонски професор, публицист, историчар,…

Зајкова: Државава нема друга алтернатива освен ЕУ

Немаме веќе ниту време, ниту генерации за…

Добро утро со Инфомакс: Ќе ја оставиме…

На тројца комити, еден кодош, или во…