Мицкоски: Институциите преземаат мерки, затајува Обвинителството
Институциите преземаат мерки, но затајува Обвинителството – премиерот Мицкоски повторно го впери прстот кон Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски. Останува на ставот дека борбата против криминалот и корупцијата не може да се води со вакво Обвинителство и со актуелниот републички обвинител, кој според шефот на Владата не презема активности.
И покрај тоа што Собранието ја изгласа поднесената интерпелација за работата на Републичкиот јавен обвинител, поднесена од Левица, сепак, Коцевски и натаму остана на функција.
Тој ја оспори и самата постапка, зашто законодавната власт не може да се меша во работата на правосудството, тврдејќи дека чесно и посветено ја извршува неговата функција.
Интерпелацијата, пак, нема обврзувачко дејство. Постапката за разрешување на Коцевски, поведена од Владата беше запрена поради трагедијата во Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Институциите преземаат мерки, затајува Обвинителството
Институциите преземаат мерки, но затајува Обвинителството –…
Израел планира мобилизација на 100.000 резервисти за…
Израел ќе треба да мобилизира до 100.000…
Цветин со писмо до Трамп и Путин:…
Македонскиот сликар и уметник, Живко Поповски –…
Aвтомобил удри во 9-годишно девојче во Чаир
Синоќа на улицата Аугуст Цесарец во Скопје,…
Нова размена на затвореници меѓу Русија и…
Руската и украинската армија извршија нова размена…