Мицкоски: Нека денешниот празник донесе мир, спокој, добро здравје и бериќет за сите во Македонија

t

Честитка по повод празникот Богојавление Христово – Водици, од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

До: Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани во Македонија да им го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Овој празник на крштевањето на Исус Христос во светите води на реката Јордан ја има симболиката на духовното раѓање и прочистувањето. Овој ден ја носи пораката на големата верба и надеж дека секое искушение и предизвик може да биде надминат ако сме водени од љубовта кон Бога, љубовта кон своите ближни, кон нашите пријатели и соседи. Само во духот на милосрдието и посветеноста кон добрите дела, ќе црпиме сила за заеднички да го постигнеме напредокот на нашата татковина Македонија.

Вербата и сплотеноста, велат, планини поместува. Нашиот предизвик е заедно со народот оваа апатичност, безнадежност и секојдневните порази со кои денес живееме, да ги замениме со перспективност, развој и среќа на граѓаните. Нашата цел е да ја промениме тажната реалност, која поради нивната неодговорност и неспособност, елитите ја преставуваат како неизбежност. Минатото не учи дека ако се сака и ако се има верба во капацитетот на сопствениот народ, може да се направи подобро утре. Традицијата и заедничките вредности покажале низ историјата дека можеме заедно да градиме подобра иднина за сите.

Нека денешниот празник донесе мир, спокој, добро здравје и бериќет за сите во Македонија.

Бог се јави!

Нека е честит и за многу години големиот христијански празник Богојавление Водици!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Уставните измени што побрзо да станат…

Уставните измени треба што побрзо да станат…

ДОМ на Конгрес на европските зелени: Морачанин…

Делегација на зелената партија ДОМ во состав:…

Османи: Видов недвосмисленост кај членовите на Владата…

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета…

Едно лице е приведено: Детали за вчерашната…

Во полициска акциска контрола во угостителски објекти…

Османи тврди: Историската комисија со Бугарија не…

Најодговорно тврдам дека македонско-бугарско историска Комисија не…