Мицкоски се откажува од предвремени избори, ако Владата го одбие предлогот!

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Димитар Ковачевски, уште еднаш решително го отфрли францускиот предлог, од свое и од име на ВМРО-ДПМНЕ.

– Не е прифатлив – одговори Мицкоски.

Тој додаде дека на Ковачевски му понудил да излезе и да го отфрли предлогот, а тој ќе се повлече од барањето за предвремени избори и од активна блокада во Собранието.

– Ова не е преговарачка раамка со која ние ќе се европеизираме, напротив, само ќе се бугаризираме. Ковачевски само треба да го отфрли предлогот и да рече НЕ. Другата работа што му ја понудив е дека ако навистина верува дека е обезбеден идентитетот во делот од заклучоците од првата меѓувладина конференција, да се избришат членовите 11 и 14 и две точки од Преговарачката рамка. Само така ќе си обезбедиме европска иднина – рече Мицкоски.

Тој додаде дека напролет, откако ќе измине најтешката зима, ќе треба да седнат повторно на заедничка маса со Ковачевски за да направат репроценка на актуелната состојбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Кисела Вода ќе ги субвенционира сметките…

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски…

(Видео) Грчки борбен авион пресретна либански цивилен…

Грчки борбен авион пресретнал либански цивилен авион!…

Политиката против правдата – кој го штити…

Арафат Муареми, директорот на Финансовата полиција, се…

Електричните автомобили ќе чинат загуба на стотици…

Секој голем производител на автомобили сега го…

Полјански за воената операција на Русија: Можеме…

Полјански за специјалната операција: Може да биде…