Мицкоски ќе повика на протести: Ќе им се случи народ, ќе дојде часот за на улица

t

Некој ќе рече на овие им е само до власт. Но, не ни е само до власт, ако така гледаме можеби ние сега сме во најкомотна позиција, двапати поголем рејтинг, 50тина општини, не еве ќе дојде денот кога ќе го повикаме народот, јас лично ќе го повикам народот против оваа корумпирана, криминализирана и неспособна и анационална власт.

Многу скоро ќе дојде тој ден, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце.Мицкоски вели дека ќе побара поддршка и од медиумите и од сите граѓани масовно да излезат и да покажат пркост што навистина мислат граѓаните за оваа владеење на владата на СДСМ.


Ќе побараме и општествена поддршка од вас, од луѓето кои што се креатори на јавното мислење. Ако мислите дека е вака добро, тогаш јас сум бил во заблуда, ако не придружете ни се, да излеземе сите масовно да покажеме пркост, да покажеме што мислиме, изјави тој.

На прашањето што смета тој за предвремените парламентарни избори со оглед дека СДСМ не прифаќа, Мицкоски потенцираше дека власта е исплашена бидејќи ќе им се случи огромен пораз.Тие се уплашени од својот страв, тие се двојно уплашени, како ќе се согласат кога они  знаат што ќе им се случи. Ќе им се случи огромен пораз, дециден е Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Села: Мислам дека ќе имаме избори во…

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на…

Група лозари од Тиквешко денеска протестираат на…

Група лозари од Тиквешко денеска протестираат на…

(Видео) Блокада на патот Кавадарци-Неготино утре: Ќе…

Поради повеќе нерешени проблеми во лозарството, од…

Протести и контрапротести во Хрватска поради правото…

Во повеќе хрватски градови денеска се одржуваат…

Бугарите го симнаа украинското знаме затоа што…

Неколку минути по 20 часот настана хаос…