Мијалков од судница: Никогаш не сум имал допирна точка со партиската каса на ВМРО-ДПМНЕ, ниту сум перел, ниту сум помагал во перење на пари

t

-Обинението против мене е апсолутно неточно, невистина. Ова го говорам најодговорно, истакна од судницата поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков запрашан дали некогаш перел пари, делел совети како да се перат пари или помогнал во таква незаконска операција.

Одговарајќи на прашањето на неговиот адвокат по однос на обвинението против него на денешното рочиште за случајот „Плацеви на Водно“ тој категорично ги демантираше наводите во обвинението.

-Никому никогаш не сум му дал никакво упатство, никаков совет, ниту средство или предмет на располагање со цел да се изврши било какво кривично дело, вклучително ниту во овој конкретен случај и за овој кривично правен настан, вели Мијалков.

Обраќајки се кон судот, Мијалков побара судијата да ги цени фактичките докази кои беа изнесени пред судот, а не исказите на обвинетите и сведоците, особено не оние сведочења за кои нема материјални докази.

-Судот треба да поклони верба не на нашите искази кои ги даваме во наша одбрана туку да поклоните верба на фактичката состојба која што произлезе од оваа доказна постапка. Имено она што произлезе од фактичката состојба за жал на обвинителството, не произлезе дека она за што прашува мојот бранител, а стои како навод во обвинението е точно. Не е точно бидејќи во целата постапка не видовме ниту еден материјален доказ, а не слушнавме ниту еден вербален доказ кој што го поткрепува овој навод во обвинението, вели Мијалков.

Екс-директорот на УБК повторно се фокусираше на материјалните докази истакнувајќи дека никој од него не побарал да стори или потпомогне во кривично дело, посочувајќи дека не постои ниту еден материјален доказ во случајот против него кој би го потврдил тврдењето на обвинителството.

-Никогаш никој од мене не побарал нешто вакво ниту нешто слично. Во конкретниот случај никој од мене не побарал да му помогнам да стори кривично дело и истото да го прикрие. И ова што го кажувам исто така го поткрепува фактичката состојба. Ние во текот на целата постапка не видовме ниту еден материјален доказ, ниту еден вербален доказ вклучително и единствениот доказ против мене, а тоа е исказот на Алек Ивановски не повтрди дека некој од мене побарал вакво нешто, додаде Мијалков.

Мијалков посочува дека во периодот кога ги имал највисоките функции во врвот на ВМРО-ДПМНЕ никогаш немал допир со партиската каса, па така ниту сакал, ниту можел да истата да ја оштети.

Тој додаде дека бил 15 години во највисоките структури на партијата и никогаш не слушнал дека недостасуваат пари од партиската каса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Последен ден од референдумите во Украина: На…

На териториите на самопрогласените републики Луганск и…

Партиите тврдат: Владејачкото мнозинство и Владата се…

Партиите од владејачкото мнозинство тврдат дека нема…

Планетата спасена: Вселенското летало на НАСА успешно…

Американската вселенска агенција (НАСА) доцна синоќа со…

Независно судство: САД ја санкционираше шефицата на…

Шефицата на Обвинителството во Босна и Хергцеговина,…

(Видео) Жестоко на трибините: Романците им скандираа…

Немири во Романија: Навивачите скандираа „Србија, Србија“,…