Млада Албанка го убила татко ѝ бидејќи ја терал да се омажи за човек што не го сака

Грозоморното злосторство се случило на 13 февруари, а полицијата дури денеска ја приведе ќерката на убиениот, објави Топ Ченал.
“Го убив затоа што сакаше да ме сврши. Немав излез, па зедов пиштол и го застрелав. Сѐ направив сама”, наводно рекла ќерката.
Деталите за ова бизарно злосторство ја шокираа Албанија и регионот. На веста за страшната смрт ѝ претходела потрага по Д.М. Имено, неговиот син Х.М.(25) на 13 февруари околу 22.30 часот се јавил во полиција и рекол дека неговиот татко излегол од станот и дека оттогаш не може да стапи во контакт со него. Четири дена подоцна, на 17 февруари, автомобилот на Д.М., бил пронајден доста далеку од местото на живеење. Набрзо било утврдено дека бил убиен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле…
Српскиот министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ…
Обвинение за бруталното убиство во Кавадарци: Ја…
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство…
Трансродовата ќерка на Илон Маск: „Во последниот…
Вивијан Џена Вилсон, трансродовата ќерка на Илон…
Продолжува судењето за убиствата на Вања и…
Денеска во Кривичен суд треба да продолжи…
Ѝ пукале во глава додека клечела –…
Убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски…