Млада девојка од Крива Паланка прегазена и хоспитализирана во Скопје!

t

Синоќа, девојка од Крива Паланка била прегазена од автомобил во Скопје и со тешки повреди била хоспитализирана.

На 08.12.2022 во 23.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Кочо Рацин“, бул.„Кузман Јосифоски – Питу“ и Кеј „13 Ноември“, патничко возило „форд фјужн“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А.(63) од Скопје, удрило во С.М.(24) од Крива Паланка. Во несреќата С.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје: Загина пешак

Вчера во 13.40 часот во СВР Скопје…

МВР во акција: Серија апсења во Скопје

На 28.01.2023 во 18.40 часот на подрачјето…

Рекордна посета на Зоолошката градина за овој…

Зоолошката градина во Скопје денес ја посетија…

Арсовска: Се решава проблемот со јавниот превоз…

Во врска со проблемите со јавниот превоз…