Млади возачи од Македонија рушат рекорди во „лудачко“ возење низ Австрија

За време на голема полициска акција на средината на месецов, германската полиција фатила двајца млади возачи по потекло од Македонија, кои возеле со рекордни брзини по патиштата, по што им се одземени автомобилите и возачките дозволи, пишуваат австриските медиуми.
Се работи за возачи од областа Линц-Ланд, кои возеле 84 и 121 километри на час побрзо од дозволеното.
Сообраќајната полиција извршила ласерски мерења во областа на „Салцбургерштрасе“ во Линц, а како што пишуваат медиумите, веројатно и органите на редот останале зачудени, бидејќи радарот покажал дека 20-годишниот возач од Северна Македонија во „Мерцедес Ц-250“ возел 154 км/ч наместо дозволените 70 км/ч.
Тажниот рекорд го соборил друг 21-годишен возач со потекло од Македонија, кој итал со 191 километри на час со своето „БМВ 530Д“ – неверојатни 121 километри на час побрзо од дозволеното.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Бројот на жртви во нападот во Грац…
Универзитетската болница во Грац потврди дека едно…
Бугарскиот МНР: Австрија нема да го смени…
Бугарскиот министер за надворешни работи лично разговараше…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…