МНР ексклузивно за Инфомакс: Македонската амбасада го контактирала уапсениот Македонец во Бугарија!

t

МНР ексклузивно за Инфомакс открива дека македонската амбасада во Софија остварила контакт со придружниците на задржаното лице од страна на бугарската полиција во текот на вчерашниот ден.

Според неофицијални информации станува збор за Иван Соколов од Делчево кој е еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен кандидат за градоначалник на Делчево.

Од МНР информираат дека настанот нема врска со отварањето на македонскиот клуб во Благоевград.

– По повод информациите во јавноста околу задржаниот граѓанин на Република Македонија од страна на полицијата на Република Бугарија, дозволете да Ве информираме дека Министерството за надворешни работи преку својата амбасада во Софија, веднаш оствари контакт со неговите придружници со кои заедно биле за време на престојот во Бугарија, како и надлежните институции на Бугарија, од кои беше информирана дека задржувањето на граѓанинот, не е поврзано со последниот настан во Благоевград, туку поради одредени обврски на граѓанинот поврзани со постар случај.

Министерството, преку амбасадата во Софија останува во контакт со надлежните органи во Бугарија и штом има нови информации дополнително ќе ја информира јавноста, велат од МНР за Инфомакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германската МНР: Ние водиме војна против Русија

Шефот на германската дипломатија Аналена Бербок изјави…

МНР ќе бара Бугарија и ЕП да…

Министерството за надворешни работи уште еднаш остро…

Османи и бугарскиот МНР утре во Софија…

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре…

МНР регагира на изјавите на Џамбаски: Софија…

Министерството за надворешни работи со големо внимание…

МНР се пофали: Платите на вработените се…

Кога би се изземале надоместоците за плата…