МНР за македонскиот јазик во ОН: Нема индиции што одат во прилог на објавените шпекулации

t

Согласно појавениот интерес на јавноста, нашата мисија во Њујорк стапи во контакт со претставници на Секретаријатот на ОН, од каде категорично ги отфрлаат сите шпекулации изнесени во медиумите за наводна внатрешна инструкција во Организацијата на Обединетите Нации (ООН) за начинот на користење на терминот – македонски јазик, информираат од МНР.

Од ресорното министерство посочуваат дека нема никакви индиции што одат во прилог на, како што велат, објавените шпекулации.

Воедно појаснуваат дека единствениот референтен документ на ООН за главните обележја и податоци за земјите е UNTERM (кратко од UN Terminology).

„Во него се дадени основните информации за секоја земја: официјалното име, кратко име, јазик на држава, назив на валута, ISO кодовите и др.“, се наведува во рекцијата на МНР од каде доставуваат и линк на UNTERM со официјалните податоци за нашата држава.

Од нашето министерство нагласуваат дека Секретаријатот на ОН, како и сите негови тела, е обврзан да се придржува и да ги почитува податоците изнесени во UNTERM.

„Вработените во Секретаријатот на ОН немаат надлежност за толкување на вакви прашања. Секретаријатот на ОН раководи и има надлежност во менаџирањето на прашањата околу употребата на 6-те официјални јазици на Организацијата (англиски, француски, шпански, арапски, кинески и руски)“, стои во појаснувањето во кое објавените информации во медиумите се оценуваат како злонамерни шпекулации за вознемирување на јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоргиев: Периодот на 19 и 20 век…

Доколу нема договор, Комисијата по секоја цена…

Зијан одмор: Повторно оштетени македонски возила во…

Шест македонски возила изгребени со остар предмет…

Ванковска: Колку пати ќе умираме, кој си…

Универзитетската професорка Билјана Ванковска на Фејсбук прашува…

(Видео) КАПА ДОЛЕ МОМЦИ: Организаторот ја скрати…

Кадетската репрезентација на Македонија обезбеди место на…

Димовски: Живо сум заинтересиран како ќе се…

Илија Димовски преку објава на социјалната мрежа…