МНР: Крајно несоодветно е вработени во МНР да учествуваат во протестите

t

Министерството за надворешни работи ги осудува насилните и несоодветни постапки на дел од учесниците во вчерашните протести пред Собранието на РМ.

-Почитувајќи го правото на сите граѓани самостојно и слободно да го изразат своето негодување или револт преку протест, сметаме дека нема оправдување за ширење говор на омраза, извикување на навредувачки пароли и поттикнувањето тензии, како и прибегнување кон насилство и насилничко однесување врз објектот на Министерството, стои во соопштението од МНР.

Посочуваат дека е крајно несоодветно учеството на поединци вработени во Министерството за надворешни работи.

-Во истиот контекст, сакаме да посочиме дека е крајно несоодветно учеството на поединци вработени во Министерството за надворешни работи, на истите протести на кои се каменува куќата на дипломатијата, држејќи притоа дневно – политички говор, што преставува и директно прекршување на етичкиот кодекс, но и целосно омаловажување на дипломатската професија, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР ѝ оддаде почит на Илинка Митрева

Со колаж од фотографии од професионалната кариера…

Комеморација за Илинка Митрева утре во МНР

Утре во Министерството за надворешни работи ќе…

И бугарското МНР ни го честиташе Илинден:…

Срдечна благодарност за искрените честитки од нашите…

Турција е спремна да “ги седне” на…

Турција е подготвена да понуди платформа за…

(Видео) Демонстрантите почнаа да палат: Насилни протести…

Насилни протести против мировните сили на ОН…