МНР “се наострија”: ја осудува Декралацијата која забранува отварањето на македонски клуб во Благоевград

Министерството за надворешни работи ги осудува непримерните квалификации во содржината кои се однесуваат на македонскиот народ содржани во Декларацијата на Советот на Општина Благоевград.
Очигледно е дека ваквата декларација е во спротивност на интенцијата на двете Влади за градење доверба меѓу народите на двете земји, и со духот на Договорот за пријателство и добрососедство, чија основна цел е токму тоа, да промовира пријателство и меѓусебно почитување.
Уште еднаш потенцираме дека интерес на двете држави и на сите граѓани е унапредување на добрососедството и во оваа насока ги охрабруваме и локалните власти, но и сите други здруженија и групации за посебен фокус кон активности кои создаваат пријателство, меѓу-гранична соработка, економска, културна и туристичка размена, соодветно на духот на европската соработка, велат од МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пендаровски “ги погоди” Бугарите: Се јави и…
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски на официјалниот Фејсбук профил реагира…
МНР не одговара на прашањето на Инфомакс:…
Министерството за надворешни работи не одговара на…
Нема информации за повредени македонски државјани во…
Во врска со трагичната железничка несреќа, која…
МНР повторно се обои во боите на…
Министерството за надворешни работи вечерва е во…
Јотова пријавила во МНР дека ќе ја…
Престојот на делегацијата предводена од потпретседателката на…