МНР се уште не го објавува вториот протокол, „мистеријата“ околу првиот продолжува
Додека јавноста го очекува вториот билатерален протокол со Бугарија, полека се расчистуваат околностите за првиот, потпишан во јуни 2019 година, од тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Екатерина Захариева.
За овој протокол јавноста разбра дури откако избувна жестока преписка на социјалните мрежи помеѓу актуелниот и поранешниот министер за надворешни работи за македонските позиции во спорот со Бугарија. Османи ја објавија бугарската верзија, со тврдење дека Димитров на заминување го зел документот и тој го нема во архивата на МНР. Екс-министерот пак, во вчерашното „Само интервју“ тврдеше дека протоколот откако бил потпишан, бил доставен, разгледан и усвоен на владина седница и дека се наоѓа во архивите на Владата. Но, до овој момент од Владата не добивме одговор дали и кога тој бил усвоен.
– Објавувањето требаше да биде во согласност со Софија, ние во два наврати предложивме да се објави и тоа што тогаш беше сраборено со историската комисија. До таква согласност не дојде. Тој документ е поминат кај нас во Влада, таа може да го објави ако сака сега. Да не ја објавува бугарската верзија. Значи бил на Влада. Бујар Османи лаже кога вели… Жалам што користам ваков израз, но граѓаните треба да знаат.., изјави Димитров.
Османи го објави документот, испровициран од критиките на Димитров за францускиот предлог и вториот протокол што треба да се потпише сега.
Во документот што го објави Османи има 3 точки. Првата е за заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил. Со втората точка се прифаќаат забелешките на Комисијата за учебниците и во Македонија и Бугарија за античката историја, а со третата точка која крена најмногу прашина во јавноста, се охрабрува историската комисија да ја забрза работата и да настојува до крајот на 2019 да најде решение, за, како што се наведува, „суштествени теми од заедничката историја“, а во продолжение во заграда се наведени Гоце Делчев, Илинденско – Преображенско востание и други. За ова Димитров тврди дека ова е бугарска верзија, а македонската била поинаква.
Тој одговори со бугарска верзија, со една клевета дека сум прифатил Илинденско да се вика така како што го викаат Бугарите, а во Македонската врзија се разбира е Илинденско.
Новинарско прашање: Не е ваш потпис ова?
-Се разбира дека е мој потпис.
Н.П. Тука пишува Илиндско-Преображенско…
-Ама пишува Илинденско во македонската верзија.
Н.П. Е како може ист документ да има две верзии?
-Затоа што Бугарите го викаат така, истиот настан, ние го викаме Илинденско востание, тврди Димитров.
И првиот и вториот протокол, за кој според информациите на Канал 5, и денес нема да биде објавен, произлегуваат од членот 12 од Договорот за добрососедство со Бугарија во кој стои дека „заедничката меѓувладина комисија ќе одржува редовни средби еднаш годишно, со цел преглед на неговата ефективна примена, примена на мерки за подобрување на билатералната соработка, како и решавање на прашања, кои се појавиле за време на исполнувањето на Договорот.
Овие годишни прегледи, се наведени и во предлог- преговарачката рамка, а нивното исполнување, дколку се прифати, ќе треба да биде следено од Европската комисија..
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маж и жена од Скопје нападнале полицаец…
Маж и жена од Скопје заработија кривична…
Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа…
Едно лице загина, а две лица се…
Украинците уништија клучен мост во руската област…
Украинските сили уништија стратешки важен мост на…
Наезда на змии и стаорци во Рим…
Зоологот од Рим, Андреа Лунерти изјави дека…
Трагедија на Халкидики, во базен се удави…
Осумгодишно девојче е пронајдено мртво во базен…