МНР со итен апел до македонските државјани во Украина: Итно да се напушти државата – видете како можете да ја контактирате македонската амбасада таму

t

Од МНР апелираат македонските државјани кои се уште се наоѓаат во Украина итно да ја напуштат државата поради влошената состојба.


Соопштението го пренесуваме интегрално:

“Почитувани,

Поради сериозно влошената безбедносна ситуација во и околу Украина, упатуваме посебен апел до нашите државјни кои сѐ уште се наоѓаат во Украина, итно да ја напуштат земјата поради можност од воена ескалација.

Соодветно, ги повикуваме сите државјани на Македонија кои во претстојниот период планирале посета на Украина, да избегнуваат патувања во земјата.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги следи одблиску состојбите, и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници со кои на дневна основа разменуваме информации и анализи за актуелните состојби.

Потсетуваме и на претходните повици кон оние граѓаните кои се наоѓаат во Украина, а кои сѐ уште не ги оставиле своите податоци во амбасадата, да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев, со цел доставување на своите податоци, на следните телефонски броеви:

+380442877882

+380663951190

е-mail: dkpkiev@mfa.gov.mk

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk

Воедно ги потсетуваме сите нашите граѓани, и оние кои се наоѓаат овде и оние кои се наоѓаат во Украина, или било каде, да ги следат и да се информираат од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев.

Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи состојбите во Украина и навремено да информира за евентуални насоки за постапување за нашите државјани.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Нека побараат од Украина да им…

Британските власти треба да бараат од украинската…

Москва: Украинската армија нападна нафтена платформа во…

Руските медиуми објавија дека украинските сили нападнале…

Русија: Во Киев погодивме фабрика за оружје,…

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека…

На Украина им се брза: Зеленски бара…

Украина прифатила дека членството во НАТО повеќе…

Унгарија смета дека брз прекин на огнот…

Унгарија повика на итни мировни преговори за…