ОВА Е КЛАСИЧНО МИНИРАЊЕ: Македонското МНР ги осуди иредентистичките изјави на бугарскиот пратеник Костадинов!

t

Министерството за надворешни работи, исто како што и претходно реагираше, и овој пат ги осудува иредентистичките изјави кои содржат и територијални претензии кон Република Македонија изкажани јавно и повеќе пати од страна на бугарскиот пратеник и лидер на политичка партија, Преродба, Костадин Костадинов.

Фактот што овие изјави се повторуваат, овојпат и во Скопје и тоа на значаен и за двете страни симболичен повод, отворање на нови канцеларии на Културно-информативниот центар како и во пресрет на Бизнис форумот меѓу Македонија и Бугарија, не можеме, а да не ги толкуваме како обиди за минирање на силните напори на двете Влади за унапредување на соработката и како организирана провокација, која треба да биде осудена од сите проевропски политички структури и институции во двете држави.

Во исто време, сакаме да упатиме апел до граѓаните на двете земји да не им подлегнуваат на ваквите провокации кои имаат една единствена цел, а тоа е да ги спречат двете држави во спроведувањето на искрените намери, реафирмирани од двете страни, за продлабочување на односите меѓу нашите држави и народи во духот на европските вредности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во четврток е последниот неработен ден за…

Овој четврток ќе биде последниот неработен ден…

Внимавајте: Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Ковачевски на Самитот Западен Балкан-ЕУ во Тирана

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со лидерите од…

Захарова: Нема да се повлечеме од нуклеарната…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…

Утринска магла, променливо облачно и слаб ветер

Наутро наместа со појава на магла, во…