Објавено на:

Могерини децидна: Отпочнување на преговори со Македонија и Албанија е од стратешки интерес за ЕУ

t

Во интерес на Европската Унија е неодложно да се започнат преговорите со Македонија и Албанија. После тоа процесот ќе биде долг и тоа ќе биде само почеток, истакна во интервју за бТВ поранешната висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Федерика Могерини, изразувајќи надеж дека бугарското вето за Македонија наскоро ќе биде тргнато.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Могерини Македонија и Албанија направиле се што се барало од нив за да можат да ги започнат преговорите за влез во Европската Унија.

– Тоа создава голем проблем со довербата во процесот за проширување на ЕУ. Oткако Македонија и Албанија беа принудени дa направат одредени отстапки за да ги започнат преговорите, а се уште ги немаат започнато, некои земји кандидати го поставија прашањето зошто воопшто тие тоа да го прават, нагласи Могерини.

Таа изјави дека не знае колку е силен надворешниот притисок врз Бугарија во однос на отстранувањето на ветото за Македонија, но се надева дека тоа ќе профункционира.

Могерини ги коментираше дејствијата на новата Европска Комисија во однос на санкциите против Русија и кажа дека постапките на Брисел се адекватни на ситуацијата и изрази надеж дека тие ќе ја засегнат руската економија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванковска: Технички секретар во АЕК со завршено…

На огласот за работна позиција технички секретар…

Големо намалување на горивата, ова се новите…

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…

И бурекот ќе стане луксуз: Една четвртина…

И лебот станува луксуз за граѓаните. Во…

За влез во државата се чека околу…

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…

(Фото) Удрен велосипедист во центарот на Скопје

Во овој момент во центарот на Скопје…