Објавено на:

Молдавија сака да се обедини со Романија: Се плашат дека Русите ќе стигнат до Тираспол, Бугарија ги повика своите граѓани да ја напуштат државата

t

Јури Леанка, поранешен премиер на Молдавија изјави дека ако Русите успеат да стигнат до Тираспол, тоа ќе биде крајот на Молдавија.

„Доколку Букурешт и Кишињев не спроведат одредени сценарија. Нашето единствено сценарио е да се обединиме. Кога Романија ќе го преземе овој чекор заедно со Кишињев, ние веднаш потпаѓаме под безбедносниот чадор на НАТО и Европската Унија, изјави тој.

Неколку часа подоцна Бугарија ги повика своите граѓани итно да ја напуштат територијата на Молдавија.

Бугарското МНР ги повика граѓаните на оваа земја да се воздржат од патување во Молдавија, а бугарските државјани кои престојуваат таму – привремено или трајно – да ја напуштат земјата со личен превоз.

Причината за ваквите мерки се нарекува „комплицирана ситуација во и околу Молдавија“.

Во моментов на границата помеѓу Приднестровје и Украина има зголемено воено присуство и блокади од двете страни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одбрана ќе набавува осум нови хеликоптери, најавува…

Министерството за одбрана ќе набавува нови повеќенаменски…

Борел: Партнерството меѓу Русија и Кина има…

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика…

Вучиќ: Целта во надворешната политика е да…

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во…

Ахмети го назначи Рафис Алити за кординатор…

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во…

(Видео) Русија нема да застане: Ова е…

Русија нема да застане во Украина, сите…